Почитувани колеги и колешки,

 

Ве покануваме да учествувате на 4-та Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, која ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 23.04.2016 година, со почеток во 11:00 часот.

По затворање на седницата, ценејќи го времето на нашите членови, а врз основа на потребата за стручно усовршување и професионален развој на наставниците по географија во основни и средни училишта, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, истиот ден организира Семинар за сите членовите на тема: „Географски аспекти на актуелни општествено-економски и образовни процеси“.

 

А Г Е Н Д А
на активностите на Здружение на професори по географија на Македонија

„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

сабота, 23 Април 2016 година

 

10:30 – 11:00   Регистрација на учесниците
11:00 – 12:00   Седница на Собрание
12:00 – 14:00   Семинар за стручно усовршување на наставниците
                  14:00   Коктел
                  15:00   Доделување сертификати

 

Во прилог Ви ги доставуваме:

Дневен ред на Собранието

Програмата на Семинарот