Доделени 10 стипендии за членовите на здружението од ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ и донација во вредност од 600 000,00 мкд. од страна на семејството Миленковски
Со подарување на енциклопедиско издание на книгата Географија на Република Македонија се одбележа меѓународниот ден на книгата
Предолго гледавме како меѓусебната недоверба, оддалечување и летаргија помеѓу географите која постои повеќе од една деценија, го руши синонимот за еден географ, а тоа е позитивна енергија, динамичност и дружељубивост. Како што многумина ќе речат: знаење имаме, од торија сме преполни, а од тензични собири презаситени. Во една реченица се содржани причините за масовноста и задоволството на учесниците на 4-та Седница на Собранието на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’- Скопје одржана на 23 Април 2016 година со почеток во 11:00 часот во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Поздравен говор и отворање на 4-та седница на Собрание на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - СКОПЈЕ и Семинарот за наставниците по географија од страна на м-р Јулијана Петровска, претседател на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - СКОПЈЕ
Пред повеќе од 180 присутни или околу 70% од членовите на здружението, седницата ја отвори м-р Јулијана Петровска, претседател на здружението. Откако ги поздрави присутните членови, гости и новинари, во името на сите, г-ѓ Петровска му изрази благодарност на проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје за отворање на вратите на својот втор дом и континуирана подршка на здружението за реализирање на програмските активности. Во својот поздравен говор, преку познатата максима на Гете: „Ако погрешно го закопчаме првото копче, не можеме да ги закопчаме сите останати“, симболично се осврна на почетоците и создавањето на здружението, неговата визија, мисија и поставувањето на прогрмските цели.
На самиот почеток, на големо задоволство и овации од присутните членови беше прочитана телеграмата испратена од проф. д-р Иван Генандиевич Чајка, претеседател на Краснодарскиот регионален оддел на Руското географско друштво и проф. д-р Александар едуардович Шпаков, доктор по биолошки науки на Кубанскиот државен универзитет, со која е поздравена работата на 4-та Седница на Собранието на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.
Телеграма со честитки од Руското географско друштво
Пред присутните, г-ѓа Петровска даде отчет за работата во изминатиот период преку сеопфатен извештај кој по кратка дискусија едногласно беше усвоен. На ист начин беа разгледани и усвоени Програма и Финансиски план за работа во наредната година.
Посебен белег на седницата на Собранието и даде прогласувањето на почесен член на здружението, Неговата Екселенција г-дин Мартин Безaк, амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија.
Читање на Одлуката за прогласување почесен член на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - СКОПЈЕ на Неговата Екселенција г-н Мартин Безак, амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија
Доделување на Одлуката за почесен член на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - СКОПЈЕ на Неговата Екселенција г-н Мартин Безак, амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија
По свеченото прогласување за почесен член, Неговата Екселенција г-дин Мартин Безaк во своето обраќање изрази благодарност и најава како неформалната обврска за негово активно залагање во афирмирање на нашето здружение на меѓународен план и реализирање на поставените цели.
Притоа, Неговата Екселенција г-дин Мартин Безaк, преку соодветни примери се осврна на врските помеѓу неговата земја и Република Македонија. Преку интересен и мошне забавен квиз за познавањето на земјата од која доаѓа, ги воодушеви присутните. Со врачување на симболични награди на најдобрите познавачи на неговата земја, допринесе за позитивна атмосфера и предизвика пријатни чувства кај сите членови и гости присутни на седницата.
Обраќање на Неговата Екселенција г-н Мартин Безак, амбасадорот на Република Словачка во Република Македонија
Посветеноста на професијата, љубовта кон географијата и почитта кон своите колеги географи, на изненадување и големо задоволство на сите, проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, уште еднаш ја покажа преку доделување на 10 стипендии за членовите на здружението обезбедени преку ФОНДАЦИЈАТА ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ.
Покрај стипендии, семејството Миленковски, на Здружение му подари донација во вредност од 600 000,00 мкд. како подршка на активностите за реализација на програмата за работа во наредниот период.
Во одлично расположение и пријатна атмосфера беше затворена 4-та Седница на Собранието, со сигурност дека за наредната седница ќе биде потребна многу поголема посторија за да ги собере сите членови на големото семејство на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’- Скопје.
Согласно поставената агенда по затварањето на седницата и кратката пауза, саботниот работен ден продолжи со семинар за стручно усовршување и професионален развој на членовите на тема: „Географски аспекти на актуелни општествено-економски и образовни процеси“.
На тема: „Индикатори за одржливост на животната средина и биодиверзитетот“, свое излагање имаше проф. д-р Владан Пешиќ, вонреден професор на Земјоделскиот факултет на Универзитетот во Белград. Проф. д-р Владан Пешиќ, на крајот од своето излагање изрази задоволство од учеството на семинарот и најави негова подршка и помош во етаблирање на здружение како стабилен и сериозен субјект во граѓанското делување како на домашно така и на меѓународно ниво.
Излагање на проф. д-р Владан Пешиќ, вонреден професор на Земјоделскиот факултет на Универзитетот во Белград
Преку темата „Географско потекло на виното и апликации на севкупното македонско стопанство“ - проф. д-р Михаил Петков, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје, го истакна значењето на географијата како наука и нејзиното влијание врз севкупното стопанство како од локален, така и од национален и интернационален карактер.
Излагање на проф. д-р Михаил Петков, редовен професор на Факултетот за земјоделски науки и храна во Скопје
Доц. д-р Александар Даштевски, доцент на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, преку една мошне актуелна тема: „Срцето на Земјата од геополитички аспект“, на присутните им даде корисни информации за корените и генезата на геополитиката, современата геополитичка мисла, односите помеѓу геополитичката теорија и пракса и геополитичките перспективи на 21 век, темата која предизвика силен интерес кај присутните. Преку дискусијата на колегата Делчо Максимовски, се покажа дека географите имаат многу повисоко ниво на знаење и интерес за теми кои задираат во научната мисла покрај теми од секојдневната наставна практика.
Излагање на доц. д-р Александар Даштевски, доцент на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје
Како најкомптентен за курикулумското планирање на наставната практика и подоготовка на часот на тема: „Наставата по географија во 21 век и современите циклуси на учење“, говореше г-дин Ивица Гиевски, советник во Бирото за развој на образованието на РМ. Покрај неговото излагање на темата која директно ги засега географите/практичари, произлезе идејата за организирање работилница токму на наведената тема во наредниот период.
Излагање на г-дин Ивица Гиевски, советник во Бирото за развој на образованието на РМ
Круна на семинарот кој и покрај обемната агенда заврши во извонредна атмосфера, беше излагањето на проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Преку филмувана презентација за развојот на географијата од почетокот до денес, а потоа и преку свое излагање за значењето на методиката во наставата по географија од теоретски и практичен аспект на интеракција помеѓу теорија и пракса ѝм овозможи на присутните директно учество во истражување на напредокот на наставата по географија во последните децении.
Излагање на проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитет за туризам и менаџмент во Скопје
За заокружување на поставената агендата беше подготвен пригоден коктел по кој учесниците се здобија со сертификати и енциклопедиско издание на книгата „Географија на Република Македонија“ во издание на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. На тој начин се одбележа и меѓународниот ден на книгата кој се поклопи со денот на наведените активности на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’- Скопје.
Географија на Република Македонија за секој професор по географија
Анкетата која беше спроведена помеѓу учесниците покажа дека ова беше навистина успешен и уникатн начин за крај на еден исполнет ден за секој географ. Седница на Собранието и еднодневениот семинар беа настани со визија кој повторно ги собра географите на едно место со една единствена цел: достоинство, доверба, професионален развој и заедничко дружење.
Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - СКОПЈЕ
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
https://geograf.mk/novosti/819-2016-04-24-17-30-49#sigProId55e8d24ad5