Почитувани ученици и наставници,

Ве известуваме дека Државниот натправар по географија за учениците од 7, 8 и 9 одделение за основно образование, ќе се одржат на 10.05.2025 година (сабота), со почеток во 12:30 часот во просториите на Универзитетот Скопје.

Сите учесници треба да бидат присутни на местото на реализација на натпреварот во 12:00.
Поместувањето е поради совпаѓање на терминот со натпреварот по англиски јазик.

Со почит,
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2024/2025 година, ќе се одржи на 10.05.2025 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.
Учесниците треба да бидат присутни во 09:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Напоменуваме дека зад веродостојност на податоците на учениците стои менторот и секое отстапување од пропишаното ќе биде соодветно санкционирано.
На државниот натпревар менторите ќе бидат ангажирани во прегледување на тестовите во интерес на времето на објавување на резултатите од натпреварувањето.

П Р О Г Р А М А
09:30 Отварање на натпреварот

09:35 - 09:55 Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање

10:00 - 11:00 Натпреварувачки дел

11:00 - 11:30 Пригоден коктел и меѓусебно дружење

 

Објавување на неофицијална ранг листа во попладневните часови

Ви посакуваме добро здравје и успех на државниот натпревар!
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје

На 05.04.2025 година (сабота) се одржаа регионалните натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.
На натпревари учествуваа 463 ученика од VII, VIII и IX одделение распоредени во 21 регион. Тие, своите географски знаења ги покажаа преку тестирање, согласно наставните програми по географија.