На 57-миот регионален натпревар на млади техничари и природници, младите натпреварувачи во областа применета географија ги презентираа своите трудови и знаења пред трочлена комисијата на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“.

На 2.04.2016 година се одржаа 57-ми регионален натпревар на млади техничари и природници во организација на СЗТК Народна техника – Скопје.
Врз основа на Договорот за соработка, и оваа година Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“ даде свој придонес во реализација на овие традиционални натпревари преку учество во оценувачкиот дел. Во функција на оценувачка комисија, м-р Марина Стојмирова, м-р Дејан Наковски и м-р Невенка Стоева, ги оценија трудовите на младите натпреварувачи во областа применета географија.
Со овие активности Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“, продолжува со ширење на соработката со други здруженија и институции остварувајќи ја својата мисија да стане значаен субјект во општественото живеење на државата.