По повод новогодишните и божиќните празници, на 25 јануари 2020 година, членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје, го посетија Охрид, бисерот меѓу македонските градови и притоа го реализираа своето традиционално празнично дружење.
Домаќин на оваа активност беше колегата Делче Максимовски.
Паричката како симбол на среќа и воедно должност за продолжување на традицијата, оваа година се најде во рацете на колегата Сашко Стефановски, што значи домаќин на следното дружење е градот Кочани.
Уште еднаш, како и многу пати досега се покажа дека географијата не е само наука, не е само наставен предмет и ориентација во просторот. Географијата преку ЗПГМ претставува форма преку која се создаваат и негуваат искрени пријателства, се искажува меѓусебната почит и се зајакнува социјализацијата како општествена функција и непрекинат процес.
https://geograf.mk/novosti/1097-ohrid-domakjin-na-tradicionalnoto-januarsko-druzhenje#sigProId66647990ef