Со сериозна загриженост поради алармантното ширење на вирусот КОВИД-19, членовите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје со внимание ги следат насоките за заштита и превенција во време на прогласена на пандемија.
Покрај тоа, и во услови на кризна состојба кога секој треба да се грижи за себе и за своето семејство, членовите на ЗПГМ и понатаму целосно се посветени на својата професијата, на географијата и пред сѐ, на своите ученици. Преку мошне внимателно подготвен материјал за вакви услови, изработени се напатствија и следење на настава по географија со користење на Оn line страната Google classroom.
Секојдневно ја гледаме грдата страна на моментот во кој живееме, но ние географите можеме да ја покажеме и убавата страна и само заеднички и организирано ќе ги победиме сите зла и предизвици кои ја напаѓаат нашата убава планета Земја!
Покрај учениците, поканети се и сите пријатели на географијата со најава на посочениот class cod!
ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ
СРЕДНО ОБРАЗОВАНИЕ