Согласно Програмата за работа на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, на 24.02.2020 година, беше одржана седница на Извршниот одбор и членовите на највисоките тела на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

 

Главен акцент на состанокот беше ставен на степенот на реализација на програмата за работа, тековните состојби и проблеми со кои се соочуваат нашите членови при подготовка и реализација на наставата по географија во основните и средните училишта.

И на оваа седница, се потврди континуитетот во реализирање на активностите, како и транспарентност во работењето на нашето Здружение.