ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје, продолжува и понатаму да работи на градење искрено пријателство, меѓусебна почит, взаемно разбирање и доверба меѓу членовите.
По тој повод и по повод новогодишните и божиќните празници, на 25. 01. 2020 година, ЗПГМ организира заедничка вечера и дружење во Охрид. Домаќин на овогодишната активност на здружението е колегата Делче Максимоски.
Сите заинтересирани членови за подетални информации да се обратат на службениот e-mail на здружението Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или кај регионалните координатори.