Почитувани,

По повод 25 - годишнината од смртта на нашиот патрон,  проф. д-р Љубе Миленковски, ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ''– Скопје, Ве поканува да присуствувате на 7-та Седница на Собрание на здружението.

Седницата на Собранието ќе се одржи на 22.12.2018 година (сабота), со почеток  во 14:00 часот, во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

По заршување на седницата за сите учесници ќе се реализира семинар за стручно усовршување и професионален развој, на тема: „Справување со конфликти во училиште".

По завршување на официјалниот дел од агендата, за сите членови организирана е географска вечер во ресторанот Александрија.

Трошоците за реализација на  географската вечер, покриени се преку фондот проф. д-р Љубе Миленковски.

            За нас ќе биде голема чест ако и Вие присуствувате и учествувате во реализација на планираната агенда. 

 

Со почит,

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ"-Скопје

                              Претседател

                        Јулијана Петровска

 

А Г Е Н Д А

на 

активности на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ –  Скопје

(сабота, 22.12.2018 година)

 

12:00               Положување на цвеќе на гробот на проф. д-р Љубе Миленковски

13:30 - 14:00  Регистрација на учесниците

14:00 - 16:00  Седма седница на Собрание на ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје

                        ДНЕВЕН РЕД на 7-та седница на Собрание на ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје

16:00 - 16:30  Пригоден коктел

16:30 - 18:45  Семинар за стручно усовршување на „Справување со конфликти во училиште“

                        ПРОГРАМА за семинар на тема: „Справување со конфликти во училиште“

19:00 - 24:00  Географска вечер

 

Со почит,

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје
Претседател
М-р Јулијана Петровска