На 15.12.2018 година, во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, а во организација на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и со поддршка на УТМС Институтот за национална географија, беше реализирана првата обука на тема „Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница“.

Обуката беше фокусира на приспособување на наставните планови, спроведување на наставата на повеќе нивоа и методологија за развивање на поддржувачка средина за учење.
Обуката ја спроведе г-ѓа Љубица Атанасовска, сертифициран обучувач за програмата Инклузивно образование, со помош на г-ѓа Јулијана Максимовска, професор по географија и член на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.
Спред добиените резултатите од евалуацијата, сите учесниците дадоа позитивна оценка за спроведената обука која пред сѐ е во интерес на носителите на образовната дејност во основните и средните училишта.

01 02 

03 04

 06 10

11 12

13

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ,
М-р Јулијана Петровска