Почитувани колеги,

Во пресрет на одржувањето на Општинскиот натпревар по географија за учениците од основното образование, ве информираме подетално за текот на натпреврите:

Почитувани ученици и колеги,

Ве известуваме дека општинските натправари по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2020/2021 година, кои ќе се одржат на 13.03.2021 година, наместо во 11:00 часот ќе започнат во 14:00 часот.

Промената на терминот е поради совпаѓање со регионалните натпревари по математика, како и на барањето на повеќе наставници и родители.
Пријавувањето на учениците се врши со пополнување на образец во електронската форма, достапна на официјалната страна на Здружението https://www.geograf.mk., најдоцна до 08.03.2021 година.

https://www.geograf.mk/prijava-za-natprevar

За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид на членарина од страна на учениците или менторите.

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, секојдневно ги следи состојбите поврзани со новиот Концепт за основно образование.

Долги години соочени со секаков вид на проблеми при изведување на наставата и воннаставните активности, а во отсуство на сериозен организиран пристап и поддршка, наставниците истите ги надминуваа со потешкотии, упатени сами на себе. Токму затоа, на иницијатива на група наставници по географија, во 2014 година, беше формирано Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје.