Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека Регионални натпревари ќе се одржат на 04.04.2021 година со почеток во 11:00 часот, на темите:
- Природно-географски, социо-географски карактеристики на Европа и регионална поделба на Европа (Јужна Европа).
Начинот и пропозициите на изведување на натпреварите се истите од општинските натпревари и се објавени се на официјалната страна на Здружението https://www.geograf.mk.
На регионалните натпревари по географија, важат истите правила и пропозиции и тоа:
• Учениците да обезбедат соодветен технички уред за натпреварот, и задолжително да имаат вклучено камера и микрофон;
• За секој обид на злоупотреба, натпреварувачот ќе биде соодветно санкциониран, односно дисквалификуван;
• Пристапот до тестот ќе се реализира во посебен тим (насловен Регионален натпревар по географија), во Microsoft teams;
• Доколку учесниците користат уред со друго корисничко име, истото да го пријават пред самиот почеток на натпреварот;
• Пожелно е учениците во 10:45 да бидат подготвени и вклучени на Teams.
• Точно во 11:00 часот ќе добијат линк на кој треба да започнат со потполнувањето на тестот.
• Учениците имаат на располагање 60 минути да одговорат на прашањата;
• По завршување на теститирањето да потврдат дека завршиле (задолжително треба да се избере SUBMIT);
• Во 12:00 часот завршува натпреварувањето, а конечните резултати и пласман ќе биде истакнат на веб страницата на Здружение на професори по географија на Македонија ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје;
• Незадоволните ученици или менторот имаат право на приговор до Државната комисија, најдоцна 90 минути по објавувањето на резултатите;
• Комисијата е должна иститот ден да ги разгледа приговорите и за тоа да го извести подносителот;
• Резултатите од одговорот по приговорот се конечни;
• Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на општинскиот натпревар, сите ученици го делат истото место;
• На државен натпревар можат да учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион сите кои имаат освоено над 85 бодови на натпреварот;
• Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, прво пласираниот од соодветниот регион, се приклучува кон учениците кои се пласирани за државниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на регионалниот натпревар;
• На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место.
За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид на членарина од страна на учениците или менторите.
Им посакуваме успех и добро здравје на сите учесници и нивните ментори!