На општинските натпревари учествуваа 304 ученици кои оваа година своите знаења ги покажаа во поинакви услови, односно преку националната платформа за далечинско учење MS Teams.
Поради технички проблеми со кои се соочиле учесниците или поради непочитување на напатствијата, некои учесници не се на ранг листата.
На регионален натпревар учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветната општина и сите кои имаат освоено над 85 бода на натпреварот.
Доколку од општината нема ученик со над 85 бода, првопласираниот од соодветната општина, се приклучува кон учениците кои се пласирани за регионалниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на општинскиот натпревар.
Право на директно учество на регионален натпревар имаат и Општини со помалку од 3(три) училишта.
На општинските натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место.
Менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место.
Официјалната ранг листа е конечна.
Државна комисија:
1. Проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски
2. Проф. д-р Дејан Наковски
3. Бурим Алиу