Првиот од серијата обуки кои ќе следуваат во иднина

Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје ве поканува на вебинар на тема „Вештини за справување со различности.“

„Наставникот е најголемиот реформатор во воспитно-образовниот систем“ – заклучок од седницата на Извршниот одбор и членовите на највисоките тела на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ" – Скопје.

Здружението на професори на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје на сите ученици и наставници им го честита почетокот на учебната година со желби за голем успех во учењето и работата.prv den skolo

Врз основа на добиената акредитација за организирање на натпревари по географија за основно образование и согласно критериумите предвидени со Правилникот, Пропозициите и Протоколот за одржување на натпревари во услови на пандемија, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје во соработка со УТМС Институтот за национална географија, успешно ги реализираше натпреварите на општинско, регионално и државно ниво.

Почитувани,
Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“– Скопје, на 04.06. 2021 година (петок) ќе ги додели дипомите, пофалниците и наградите за ученици, ментори и Училишта од Државниот наторевар по географија за 2020/2021 година.
Доделувањето ќе се изврши во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје со почеток во 11:00.
За освоено прво место ученикот и менторот добиваат диплома, пофалница и лап топ.
За освоено второ место наградата е диплома, пофалница и по еден мобилен телефон, додека за освоено трето место покрај предвидените диплома и пофалница, ученикот и менторот добиваат по еден таблет.
Сите останати учесници добиваат пофалница за учество на Државниот натпревар, како и сите Училишта кои учествувале на натпреварот.