Почитувани колеги,
Во пресрет на општинските натпревари во прилог ги објавуваме списоците на пријавените ученици на натпреварот и Ве замолуваме доколку воочите пропуст навремено да нѐ известите.
Исто така, Ве замолуваме да ги проверите мејл адресите на учениците и доколку се пријавени со друга адреса (пр. @yahoo, @hotmail ..., а во списоците истите се обележани со жолта боја) да креирате нова на @gmail.
Доколку има пријавено повеќе од 3 (три) ученика од исто училиште, организаторот по случаен избор ќе ги избрише вишокот на пријавени (во списоците со сива бледа боја).
На 15.02.2024 година (
Општински натправари ќе се одржат на 17.02.2024 година со почеток во 10:00 часот.
Општинските натпревари ќе се организираат онлајн на Google meet платформата, додека останатите нивоа со физичко присуство согласно календарот и пропозициите.
Им посакуваме успех и добро здравје на сите ученици и нивните ментори!
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје