Почитувани колеги, Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, врз основа на добиената акредитација активно работи на подготовките за реализирање на натпреварите по географија за ученици од основното образование.

 

Овогодинешните натпревари ќе се реализираат за ученици од VII, VIII и IX одделение согласно наставната програма по географија.
Согласно календарот, циклусот на натпревари се состои од:
• Општински натправари: 17.02.2024 година со почеток во 10:00 часот
• Регионални натпревари: 16.03.2024 година со почеток во 10:00 часот
• Државен натпревар: 27.04.2024 година со почеток во 10:00 часот
Теми и материјаили за подготовка на општинските натпревари:
• VII одделение: Македонија – Природно-географски карактеристики на Република Македонија – Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 7 одделение
• VIII одделение: Природно-географски и социо-географски карактеристики на Европа - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН
• IX одделение: Азија - Географија за 9 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов и Ѓорѓи Павловски, издадено во 2023 година од МОН

На натпреварите можат да учествуваат сите ученици од основните училишта во државата, пријавени преку своите ментори и училишта. Тестовите за учесниците ќе бидат на јазикот на кој се изведува наставата во училиштето.
На општинските натпревари, едно Основно училиште може да учествува со најмногу 3 (три) ученици од секое одделение (генерација), односно најмногу 3 (три) од VII одделение, 3 (три) ученици од VIII и 3 (три) ученици од IX одделение. Не е дозволено пријавување на натпревар на ученици во категорија која не одговара на генерацијата на ученикот. За веродостојност на податоците одговара менторот и училиштето.
Општинските натпревари ќе се организираат онлајн, додека останатите нивоа со физичко присуство согласно календарот и пропозициите.
За успешна реализација на онлајн општински натпревари на Google meet платформата, потребно е учениците да имаат @gmail адреса. За таа цел сите пријавени на друг акаунт да го повторат пријавувањето со креирање на @gmail адреса на учениците.
Пријавени учесници ќе бидат објавени на веб страната на здружението на 16.02.2024 година и доколку не ги пронајдете имињата на вашите ученици, Ве молиме да не контактирате.

Пријавувањето на учениците се врши со пополнување образец во електронската форма достапна на официјалната страна на Здружението (https://www.geograf.mk/natprevar-po-geografija-za-uchenici-od-osnovni-uchilishta/prijava-za-natprevar-po-geografija-2022), најдоцна до 10.02.2024 година.
Секоја недоследност и почитување на пропозициите ќе биде соодветно санкционирана.
За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид членарина од страна на учениците или менторите.
Програмата и пропозициите за натпреварите се објавени на официјалната страна на Здружението.

НАПАТСТВИЈА

ПРОПОЗИЦИИ

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје