На 14.10.2021 година, преку платформата Zoom се реализираше вебинар на тема „Вештини за справување со различности“.
Темата беше фокусирана на начините за препознавање на различности и унапредување на вештините за нивно менаџирање во наставата.
На вебинарот присуствуваа 40 учесници, а модератор на истиот беше колешката Анета Чаковска, активен член во Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.
Вебинарот го спроведе м-р Бети Деловска од УТМС Институтот за бизнис и менаџмент, а со поддршка на УТМС Институтот за национална географија.
Спред добиените резултатите од евалуацијата, сите учесниците дадоа позитивна оценка за спроведената обука, која пред сѐ е во интерес на носителите на воспитно-образовната дејност во основните и средните училишта.
Сертифицираниот вебинар е еден од серијата обуки и предавања на различни теми, предвидени со програмата за работа на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и ќе се реализираат во текот на годината.