Првиот од серијата обуки кои ќе следуваат во иднина
Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје ве поканува на вебинар на тема „Вештини за справување со различности.“
Вебинарот е еден од серијата обуки кои ќе следуваат во иднина.
Првиот вебинар ќе се одржи на 14-ти октомври 2021 година, со почеток во 19 часот. Поради заштита од Ковид -19, вебинарот ќе се реализира online на платформата Zoom.
Вебинарот е поддржан од Институтот за национална географија и Институтот за бизнис и менаџмент на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.
Вебинарот е во времетраење од 1 час, а обучувач на истиот ќе биде м-р Бети Деловска.
Цел на обуката:
Сите учесници ќе имаат можност да се запознаат со потребни вештини кои ќе им помогнат во реализација на наставата.
Сите учесници ќе се стекнат со сертификат за успешно учество на вебинарот.
За сите членови на здружението и за сите наставници/ментори на натпреварот по географија учеството на вебинарот е бесплатно.
Доколку сакате да присуствувате на истиот потребно е да регистрирате на следниов линк https://www.geograf.mk/prijava-za-obuka најдоцна до 10. 10. 2021 година.
Сите останати детали во однос на вебинарот, ќе ги добиете после вашето пријавување.