На 31 март 2019 година, се одржаа јубилејниот 60-ти регионален натпревар на млади техничари и природници во организација на СЗТК Народна техника – Скопје.
Врз основа на Договорот за соработка, и оваа година Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, даде свој придонес во реализација на натпреварите преку учество во оценувачкиот дел.
Пред трочлената комисија за оценување на трудовите од областа на ПРИМЕНЕТА ГЕОГРАФИЈА и АСТРОНОМИЈА, младите натпреварувачи ги презентираа своите домашни трудови, знаења и вештини.
Со овие активности Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, продолжува да го шири кругот на пријатели и соработка со други здруженија и институции, со што се повеќе се етаблира како значаен субјект во граѓанското делување, остварувајќи ја својата мисија.