Согласно Програмата за работа на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, на 28.02.2019 година, беше одржана седница на Извршниот одбор и членовите на највисоките тела на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

На состанокот, претседателот на Здружението, проф. д-р Аце Миленковски, се осврна на динамиката со која треба да се реализира програмата за работа во 2019 година.
Покрај тоа, тој даде информирмација дека со одлука на Сенатот на УТМС, доделени се уште 10 стипендии за студирање на членови на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, за што дополнително ќе биде спроведена соодветна процедура.
Главен акцент на состанокот беше ставен на тековните состојби и проблеми со кои се соочуваат нашите членови при подготовка и реализација на наставата, како што се недостигот од учебници за основно и средно стручно образование и недоволната застапеност на предметот географија во средното гимназиско образовани.
И со оваа седница, се потврди континуитетот во реализирање на активностите, како и транспарентност во работењето на нашето Здружение.

52896870 390816458376669 4767679660114837504 n   52956985 2169173549843213 3807605124856020992 n  

53032348 396096324500554 1076621977529090048 n   53071350 364784117697465 18348233432498176 n  

53188063 327284137902416 131528258133950464 n  53333223 254744578791782 4652687786279698432 n