„Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница“

 

Почитувани колеги,

Континуирано стручно усовршување и професионалниот развој се едни од целите и програмските активности на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје. 

Во рамки на тие активности и врз основа на континуирано следење на потребите на членовите, ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, Ве повикува да се пријавите за учество во обуката на тема: „Диференцирано учење и индивидуализирана настава во инклузивна училница“.
Обуката ќе се фокусира на приспособување на наставните планови, спроведување на наставата на повеќе нивоа и методологија за развивање на поддржувачка средина за учење.
Обуката ќе ја спроведува г-ѓа Љубица Атанасовска, сертифициран обучувач за програмата Инклузивно образование, во форма на работилници од по 20 учесници. Распоредот на групите ќе биде согласно пријавените учесници на обуката.
За првата група, обуката ќе се одржи на ден 15.12.2018 година (сабота), во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, со почеток во 09:00 часот.
Партиципацијата изнесува 500,00 мкд, уплатени на сметка на здружението.
Број на сметка: 330100246410153
Сите заинтересирани своето учество треба да го пријават најдоцна до 03.12.2018 година, на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите., или преку координаторите.
Во прилог: Програма за обука

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ,
М-р Јулијана Петровска