Навремени, транспарентни и вистинити информации, како една од зацртаните цели во Статутот на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје.
На 14. 11. 2018 година, беше одржан состанок на Извршниот одбор на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, со присуство и на членовите на Комисиите кои функционираат во рамки на здружението. На состанокот главен акцент беше ставен на проектирање план за развој на здружението во наредниот период, а од дискусиите произлегоа корисни предлози.