ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, со подршка на УТМС Институтот за национална географија, продолжува со своите активности поврзани со посета на своите членови во средината во која живеат и работат.
Во таа насока, на 22.09.2018 година, ќе оствари средба со членовите од Општините: Маврово-Ростуше, Дебар и Центар Жупа.
Во рамки на оваа активност, организирана е еднодневна екскурзија со рзглед на значајни знаменитости на овој регион и предавање на тема „Природно-географски карактеристики и културното наследство на Центар Жупа“.
За квалитетно организирање на активностите и за дополнителни информации, сите зинтересирани колеги да се јават и да го потврдат своето учество најдоцна до 17.09.2018 година, на e mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..
П Р О Г Р А М А
7:00 - Поаѓање од пред платото на УТМС во Скопје
- Посета на Манастирот „Свети Јован Бигорски”
- Посета на бањата Косоврасти
- Посета на фабриката Кнауф и Кристалната пештера
- Пристигнување и престој во село Броштица
- Работен состанок
- Отворен час и предавање на тема „Природно-географски карактеристики и културното наследство на Центар Жупа“
- Пауза за ручек
- Посета на Спомен-куќата на Али Риза Ефенди, таткото на големиот реформатор Мустафа Кемал Ататурк во Коџаџик
- Разгледување на најзначајните знаменитости на град Дебар
18:00 - Поаѓање за Скопје
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје