Еднодневен семинар за стручно усовршување
Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на 6-та Седница на Собрание на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје. За учесниците на Собранието предвиден е и семинар за стручно усовршување со соодветни сертификати.
Седницата која ќе се одржи во просториите на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, на 05.05.2018 година, со почеток во 12:00 часот.
Регистрацијата на учесниците започнува во 11:30 часот.
А Г Е Н Д А
на активностите на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје
(Петок, 4 мај 2018 година)
17:00 – 17:45 Отворен интерактивен час по географија во СУГС Гимназија „Орце Николов“- Скопје
18:00 – 20:00 Разглед на Скопје
(Сабота, 5 мај 2018 година)
10:00 – 11:00 Предавање за учениците и професорите по географија од страна на м-р Дејан Немчиќ
11:30 – 12:00 Регистрација на учесниците на Собрание
12:00 – 13:30 Седница на Собрание
13:30 – 13:45 Кафе пауза
13:45 – 15:30 Семинар за стручно усовршување на наставниците на тема: „Напредно дистрибуирано учење во 21-от век “
15:30 – 16:30 Коктел
16:30 – 17:00 Доделување сертификати