Почитувани колеги, Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, како акредитирано здружение по втор пат е организатор на натпреварите по географија за ученици од основното образование.

Следејќи ги во континуитет состојбите поврзани со пандемијата со Ковид-19 Ве известуваме дека оваа година реализацијата на натпреварите ќе се одвива согласно условите, препораките и насоките од страна на надлежните институции, со цел непречено одвивање на истите.
Овогодинешните натпреварите ќе се реализираат за сите одделенија посебно, односно за VI и VIII одделение според наставната програма по географија.
Согласно календарот, циклусот на натпревари се состои од:
Општински натправари: 26.03.2022 година со почеток во 11:00 часот
Регионални натпревари: 14.04.2022 година со почеток во 11:00 часот
Државен натпревар: 07.05.2022 со почеток во 11:00 часот
Теми и материјаили за подготовка на општинските натпревари:
 VI одделение: – Вселена и вселенски тела, Планетата Земја и Ориентација на Земјата - Географија за 6 одделение за основно образование од авторот Бети С. Трајкоска, издадено во 2015 година од МОН

 VIII одделение: – Природно-географски и социо-географски карактеристики на Европа - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН
На натпреварите можат да учествуваат сите ученици од основните училишта во државата, пријавени преку своите ментори и училишта.
За пријавување и учество на натпреварите не е предвидена котизација.
На општинските натпревари, едно Основно училиште може да учествува со најмногу 3 (три) ученици од секое одделение, односно најмногу 3 (три) ученици од VI и 3 (три) ученици од VIII одделение.
По тој повод, ве покануваме да земете активно учество на натпреварите, со што ќе придонесете во развивање на љубов кон географијата и натпреварувачкиот дух кај учениците, нивна надградба и ползување на резултатите од истите.
Дополнителни информации околу начинот на пријавување, програмата и пропозициите за натпреварите, како и за местото на одржување на натпреварите ќе ви бидат доставени благовремено, а истите ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението https://www.geograf.mk.

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје