- Детали
- Посети: 17
Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека државниот натправар по географија за учениците од oсновните училишта во учебната 2024/2025 година, ќе се одржи на 10.05.2025 година, со почеток во 10:00 часот во просториите на Универзитетот Скопје.
Учесниците треба да бидат присутни во 09:30 на местото на одржување на натпреварите, се со цел безбедно и успешно спроведување на истите.
Напоменуваме дека зад веродостојност на податоците на учениците стои менторот и секое отстапување од пропишаното ќе биде соодветно санкционирано.
На државниот натпревар менторите ќе бидат ангажирани во прегледување на тестовите во интерес на времето на објавување на резултатите од натпреварувањето.
П Р О Г Р А М А
09:30 Отварање на натпреварот
09:35 - 09:55 Спроведување на учесниците на натпреварот до просториите за тестирање
10:00 - 11:00 Натпреварувачки дел
11:00 - 11:30 Пригоден коктел и меѓусебно дружење
Објавување на неофицијална ранг листа во попладневните часови
Ви посакуваме добро здравје и успех на државниот натпревар!
ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје
- Детали
- Посети: 1681
Почитувани,
Ве известуваме дека согласно календарот, Регионалните натпревари ќе се реализираат на 22.03.2025 година со почеток во 10:00 часот. Темите и материјалите дадени се во Пропозициите кои се објавени на нашата официјална страна.
- Детали
- Посети: 960