На 59-от регионален натпревар на млади техничари и природници, младите натпреварувачи во областа применета географија и астрономија ги презентираа своите трудови и знаења пред трочлена комисијата составена од членовите на Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“.

Имено, на 31.03.2018 година се одржаа 59-от регионален натпревар на млади техничари и природници во организација на СЗТК Народна техника – Скопје.
Врз основа на Договорот за соработка, и оваа година Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“ даде свој придонес во реализација на овие традиционални натпревари преку учество во оценувачкиот дел. Во функција на оценувачка комисија, доц. д-р Дејан Наковски, Бети С. Трајкоска и Валентина Фидановска, ги оценија трудовите на младите натпреварувачи во областа применета географија. За оценување на трудовите и презентациите на натпреварувачите од областа астрономија, како членови на комисија беа на м-р Марина Стојмирова, Цветанка Ѓирѓиевска и Љупчо Велковски.
Со овие активности Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје“, продолжува со остварување на соработката со други здруженија и институции со заеднички интерес на полето на ѓраѓанското делување.