ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р. ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје продолжува со своите активности за унапредување на соработката со асоцијации за остварување на поширок општествен интерес.

На 23.02.2018 година, претставници на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р. ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ присуствуваа на завршната конференција од проектот „Инфо ѕид за дислкесија“, на здружението за дислексија „Ајнштајн“, финансиран преку проектот на УСАИД за граѓанско учество, Civic Engagement Project-Macedonia. На конференцијата свои обраќања имаа: Дамјан Николовски – проектен менаџер на проектот, Ана Дракиќ – директорка на проектот на УСАИД за граѓанско учество, Билјана Мицевска Јосифовска – советник во кабинетот на министерката за образование, проф. д-р Орхидеја Шурбановска – Институт за психологија при УКИМ, Гордана Спиридонова – училиштен психолог во СУГС „Никола Карев“, Славица Тасевска Николовска – лиценциран тренер за дислексија и родител на дете со дислексија.

01