Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, ги повикува своите членови да се пријават за учество на 6-тата меѓународна научна конференција ICON BEST - INTERNATIONAL CONFERENCE FOR BUSINESS, ECONOMY, SPORT AND TOURISM, во организација на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје.

Сите заинтересирани членови може да се пријават со свои трудови, согласно критериумите на организацискиот одбор на конференцијата, со што ќе се стекнат со соодветни сертификати и право трудови да бидат објавени во Зборникот, а со тоа и можност за збогатување на своето професионално портфолио.
Дополнителни информации за конференцијата може да се добијат на http://iconbest.utms.edu.mk/

ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“-Скопје
Претседател
Јулијана Петровска