ТРАНСПАРЕНТНОСТ, ЕНЕРГИЧНОСТ И ИСТРАЈНОСТ ВО КОНТИНУИТЕТ - ПРИНЦИПИ НА РАБОТА НА ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - СКОПЈЕ.
Согласно Програмата за работа на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, во текот на вчерашниот ден беше одржан состанок на Комисијата за следење и разгледување на наставни планови и програми по географија за основно и средно образование. Целта на состанокот беше формирање на работни групи за детектирање на слабостите на наставните програми и учебници по географија на сите нивоа. Имено, согласно заклучоците од состанокот, како очекуван ефект од работата на групите, треба да произлезат конкретни предлози за надминување на сите пропусти и слабости кои би ја олесниле работата на наставниците по географија во иднина.
Станка Арнаутова
Комисијата за следење и разгледување наставни планови и програми по географија.