Претставници на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, присуствуваа на унгарска поетска вечер

На покана на друштвото на Унгарците „Теледом“ од Скопје, претставници на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, присуствуваа на поетска вечер посветена на унгарската поезија.
Настанот беше одржан на ден 11.04.2017 година, во просториите на мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“, во организација на друштвото на Унгарците „Теледом“ од Скопје и унгарската амбасада.
Присутните имаа можност да уживаат во стиховите на големите унгарски поети Шандор Петефи, Атила Јожеф, Ласло Наѓ и Ференц Јухас во препев на Паскал Гилевски.