Почитувани колеги,

Согласно годишната програмата за работа Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ: Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, на 19.11.2016 година организира еднодневен теренски практикум во градот Кочани, во рамки на програмската активноста за доближување до членовите.

За време на посетата на Кочани и вештачкото езеро Градче, ќе биде организиран и семинар за професионален развој на наставниците по географија на актуелни содржини од наставната практика, на тема: „Планирање и реализирање на часовите по географија со примена на ИКТ во наставата“.
Семинарот ќе се реализира во ОУ „Никола Карев“ во Кочани.

Ги молиме заинтересираните колеги да се најават и да го потврдат своето учество најдоцна до 10.11.2016 година, на тел.: ++ 389 2 3093 209, на факс.: ++ 389 2 3093 213, на телефон ++ 389 072 25 41 96 или на e-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Programa

Со почит,

Здружение на професори по географија на Македонија
        „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје
                          ПРЕТСЕДАТЕЛ
                    М-р Јулијана Петровска