СТОЈАН АРСИЌ – НАСТАВНИК, ПИСАТЕЛ И УМЕТНИК
Колегата Стојан Арсиќ и неговите вештини за поинакво изрзување се синоним за професионални, социјални, културни и хумани вредности собрани во една личност
Во приквечерието на 4-ти Мај, во амфитеатарот на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, пред повеќе од 150 присутни вљубеници на пишаниот збор, беше промовиран романот „Грст љубов“ на авторот Стојан Арсиќ.
Според впечатоците на повеќе присутни, промоцијата помина во одлична атмосфера проследена со композиција на внимателно избрани цитати од романот, музика и многу љубов. Поетесата Славка Арсова како промотор, Ирена Спировска како презентер, Борче Наумовски со својата гитара и актерот Тони Денковски, дадоа посебен белег на промоцијата со што ја изразија својата почит кон личноста и делото на авторот на романот Стојан Арсиќ.
Стојан Арсиќ е роден во селото Жбевац во Република Србија. Oсновно и средно образование завршил во Скопје. Во академската 1983/84 година се запишал на Педагошката академија „Св. Климент Охридски” во Скопје на групата за историја и географија. По дипломирањето се вработил како наставник по историја и географија во ОУ „Васил Главинов“, каде работи и денес. Во текот на своето долгогодишно работно искуство како наставник, постојано се усовршува следејќи ги современите текови во воспитно-образовниот процес за што има добиено соодветни награди и признанија. За активности во во 2011-2012 година, колегата Арсиќ го доби признанието „Просветен работник“.
Покрај својата прва љубов, работа со деца, колегата Арсиќ наоѓа време и за уметничко творење вметнувајќи ја духовната креативност со природата. Својот талент за пишување, позитивност и архитектонско креирање се одраз на еден начин на живеење кој изобилува со професионални, социјални, културни и хумани вредности собрани во една личност. Редок спој на работното со слободното време или подобро имплементирање на професија и хоби. Покрај убавата пишана реч, колегата Стојан Арсиќ својата креативност ја изразува и преку архитеконската уметност со што насловот на својот последен роман „Грст љубов“ вметнува во природата со изработка на реплики на познатите цркви. Препознатлив е по извонредниот талент за поетско изразување и хумор а специфичен по начинот на пишување на дијалекти и рецитирање на туѓата и сопствената поезија.
Во својот мошне плоден професионален и приватен развој, има објавувано голем број на прилози, статии и коментари од областа на образованието уште од времето на бившиот југословенски систем а со тоа продолжува и денес. Уште тогаш објавил повеќе песни во списанија на поранешните југословенски простори. Духовитоста, љубовта и талентот кон убавиот збор го изразува преку пишување на проза, поезија, афоризми, есеи, како и текстови за народната, забавната и детската музика. Денес на пошироката јавност и е познат како автор на неколку романи и збирки на поезија а секако и како заљубеник во културните и духовните вредности.
Колегите, роднините, пријтелите и сите присутни имаа вистинска можност да ги согледаат сите хумани вредности на овој човек.
Со оваа промоција и со имиџот што го гради, УТМС уште еднаш остварува впечатливост во јавноста а со одговорното одесување ги отвара вратите за сите вљубеници на пишаниот збор и убавата мисла.
http://www.24vesti.mk/24-za-zhivotot-03-05-2016?page=1290
https://geograf.mk/novosti/821-2016-05-05-18-36-17#sigProIdd65a8b874d