ОТВОРЕН СОСТАНОК НА КОМИСИЈАТА ЗА СЛЕДЕЊЕ И РАЗГЛЕДУВАЊЕ НАСТАВНИ ПЛАНОВИ И ПРОГРАМИ ПО ГЕОГРАФИЈА
Транспарентност во работата - еден од основните принципи на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ - Скопје.
Согласно програмските задачи на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“- Скопје, во текот на денешниот ден беше одржан состанок на Комисијата за следење и разгледување на наставни планови и програми по географија за средно образование. Имено, отворениот состанок беше само една од активностите на Комисијата, кој покрај транспарентност во делувањето на здружението, има за цел да даде свој придонес во изготвување квалитетни програми кои ќе бидат во интерес на оние кои истите ги реализираат во пракса, но пред се на учениците.
На состанокот, чиј модератор беше Гордан Стојановски, координатор на работната група за средно образование, присуствуваше и Ивица Гиевски, советник по географија во Бирото за развој на образованието, како еден од најкомпетентните личности за изготвување и следење на реализацијата на програмите за основно и средно образование во Република Македонија, како и претседателот на здружението м-р Јулијана Петровска.
Присутните ги поздрави и проф. д-р Аце Миленковски, Ректор на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје, кој постојано и несебично помага и дава подршка во реализација на активностите на здружението.
Од расправата произлегоа корисни предлози во врска со темата како и заеднички заклучок за потребата и ефектите од ваквиот тип на состаноци, средби и размена на мислења од заеднички интерес.
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
Title
https://geograf.mk/novosti/672-2016-01-15-23-47-01#sigProIdfa02bb6662