Работа и дружење како две компоненти на визијата на ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје
По повод Новогодишните и Божиќните празници, на 9 јануари 2016 година, ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје, реализираше празничен ручек со цел одбележување на празниците и заедничко дружење на членовите.
Притоа, беше посетен Народниот Музеј во Свети Николе и црквата „Свети Никола“, која датира од 13 век. За време на ручекот беше одржан и работен состанок на кој беа потврдени програмските цели на здружението и неговите понатамошните активности.
Воспоставената пракса на работни состаноци од овој тип кои се реализираат по целата територија на државата се покажаа како извонредно корисни и ефективни и ќе продолжат со истата динамика и понатаму.
https://geograf.mk/novosti/651-2016-01-10-18-42-35#sigProIdadea1f12eb