Чешка денес го презеде претседателството на Вишеградската Група позната уште како В4. Имено, Чешка од денеска една година ќе претседава со Вишеградската група (В4), во која се и Словачка, Полска и Унгарија.
По тој повод во просториите на ИНФО ЦЕНТАРОТ на Европската Унија беше приреден прием, на кој домаќини беа амбасадорите на Чешка и Словачка, Мирослав Рамеш и Мартин Безак. На покана од амбасадорот на Чешката Република, Г-дин Мартин Безак, на приемот присуствуваше мешовита делегација составена претставници од Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје и претставници на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Со тоа е отворен патот за соработка и понатамошни активности на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’ – Скопје, во промовирањето на своите програмски цели.
Вишеградската група покажа дека е вистински пример за солидарност и пример за креирање на успешна соработка и во Западниот Балкан. Таа е основана 1991 година заради остварување регионална соработка помеѓу Чехословачка, Унгарија и Полска, а во 1993 година, после распадот на Чехословачка станува Вишеградска четворка во која влегуваат и Чешка и Словачка. Преку Меѓународниот Вишеградски фонд основан во 2000 година, со седиште во Братислава, кој годинава одбележува 15 годишен јубилеј, подржани се голем број на проекти за Западниот Балкан, а со тоа и во Република Македонија.
М-р Невенка Стоева,
Професор по географија