Информација :
за промена на името на Здружението на професори по географија на Македонија ЗПГМ – Скопје
На седница на Собрание на ЗПГМ-Скопје, одржана на ден 21.03.2015 година, донесена е одлука за измени во името на здружението, со додавање на името на Проф. Д-р Љубе Миленковски.
Новото име е: Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје.
Скратеното име на здружението е: ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје.
Образложение на иницијативата:
Поради огромниот придонес за развојот на географијата како наука а особено географијата како предмет во наставните планови и програми што може да се види од биографијата на Проф. Д-р Љубе Миленковски, група членови на ЗПГМ-Скопје, поднесе иницијатива за менување на името на здружението во: Здружение на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје.
Проф. д-р Љубе Миленковски е роден во село Сопот на 05-ти јули 1937 година. По завршување на основното образование и Учителската школа учителствувал во селата Луковица, Жировница и родниот Сопот. Потоа работел како професор во гимназијата „Браќа Миладиновци“ во Скопје, директор на ОУ „Кузман Шапкарев“ и советник и инспектор во Заводот за школство на Република Македонија. Кариерата ја продолжува како професор и директор на Педагошката академија „Климент Охридски“ во Скопје. Работел и на Институтот за сеизмологија на ПМФ во Скопје. Животниот век го завршил како професор на Институтот за географија на Природно математичкиот факултет во Скопје.
Тој целиот свој живот го посвети на образованието за кое велеше дека е занает кој постојано треба да се учи, беше и остана еден од најголемите учебникари во Македонија.
Врз основа на наведеното цениме дека е чест да се биде член на здружение чие што име ќе го носи името на Проф. Д-р Љубе Миленковски.
Скопје, 22.04.2015 година
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ’’– Скопје
ПРЕТСЕДАТЕЛ
М-р Јулијана Петровска