Во преполниот амфитеатар на Универзитетот Скопје и во атмосфера исполнета со гордост, енергија и инспирација, денес свечено беа прогласени најдобрите ученици од основните училишта - шампиони во по географско знаење.
Настанот беше организиран од страна на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, а со поддршка на УТМС Институтот за национална географија.
Свеченото прогласување на најдобрите млади географи беше празник на знаењето, посветеноста и љубовта кон географијата, каде што младите умови демонстрираа извонредна подготвеност, логично размислување и широка ерудиција. Најуспешните ученици добија признанија, дипломи и вредни награди, а нивниот труд беше прославен со аплаузи и искрени честитки од публиката. Со голема чест и неизмерна гордост може да се каже дека овие млади умови кои со својата љубопитност, труд и знаење го освојуваат светот – од највисоките врвови до најдлабоките океани.
Оваа година, натпреварот изобилуваше со енергија, знаење и натпреварувачки дух. Младите географи покажаa дека светот е нивна мапа – а иднината светла! Денес, им оддаваме признание на најдобрите меѓу најдобрите.
Топлата, пријателска атмосфера, збогатена со насмевки и гордост – токму она што ја прави географијата повеќе од наука – приказна за светот, за луѓето и за едно големо заедничко патување.
Кулминација на денот беше средбата со легендарниот македонски рок-бенд „Меморија“, кои со своето присуство дадоа посебна тежина на настанот. Членовите на бендот споделија инспиративни приказни од нивната кариера, зборуваа за важноста на знаењето и упорноста, и ги охрабрија младите да сонуваат големо и да не се откажуваат.
Голема благодарност до сите ученици, ментори, родители и гости кои го направија овој настан незаборавен.
Заедно покажавме дека знаењето е моќ, а младите се иднината на Македонија!
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
https://geograf.mk/novosti/1252-2024-25#sigProIdb9dd989051