Се одржа Единаесеттата јубилејна седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ “ – Скопје
На 21. 12. 2024 година, во преполн амфитеатар на Универзитетот Скопје, по повод 10 години од формирањето, се одржа 11-тата седница на Собранието на Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ “ – Скопје. Седницата се состоеше од свечен, статутарен и едукативен дел.
Во преполниот амфитеатар, со над 140 учесници на Седницата, на присутните членови и гостите им посака добредојде и пригодно им се обрати претседателот на Здружението проф. д-р Аце Миленковски. Во обраќањето, тој им се заблагодари за довербата и посветеноста на членовите кои успеаја да го етаблираат здружението во групата на најстабилните и најпрепознатливите здруженија на професори во граѓанското делување во нашата држава.
Во своето обраќањето, тој се осврна на денешните состојби во образованието поврзани со предметот географија. Исто така, тој направен кратка ретроспектива на сите активности на здружението, но и ветување дека до крај ќе се бори за заштита на предметот географија на сите нивоа на образование.
Со свое инспиративно обраќање на тема „Географските карактеристики на Република Босна и Херцеговина, свечена нота на седницата и даде амбасадорот на Република Босна и Херцеговина во Република Македонија, Н.Е. Драган Јаќимовиќ. Оваа прилика беше исклучителна можност за нас да слушнеме перспективи од високо дипломатско ниво и да добиеме инспирација за нашата работа како едукатори и научници. Тој на седницата ја посочи важноста на географијата како мост за меѓусебно разбирање.
Г-дин Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор на Република Македонија во Република Бугарија, беше вториот излагач во свечениот дел на седницата.
Амбасадорот Ѓорчев како истакната личност со долгогодишно дипломатско искуство и значајни придонеси во развивањето на меѓудржавните односи, соработка и културна размена своето бесценето искуство го сподели со присутните и не запозна со актуелните регионални и глобални прашања. Тој говореше за важноста на дијалогот и меѓусебното разбирање меѓу народите, улогата на дипломатите во зајакнување на соработката и значењето на образованието во градењето на подобра иднина за регионот. За жал, во неговото излагање се чувствување дека не секогаш меѓународните договори и глобалната политика е во интерес на нашата татковина.
На крај од овој дел, поздрав и успешна работа преку видеообраќање на сите присутни им посака им посака еминентниот професор д-р Жу Јашионг, од Универзитетот за образование во Жеџијанг, Кина. Професорот Жу не само што е реномиран академик, туку исто така е и потпретседател на Стопанската комора на Покраината Жеџијанг, една од економски најразвиените региони во Кина.
Со своето богато искуство и експертиза во полето на економските односи и интернационалната соработка, професор Жу се осврна на една исклучително значајна тема: „Македонија - мост за олеснување на економската соработка помеѓу Кина и Европската Унија.“
Ова предавање беше извонредна можност да се слушне за улогата на Македонија како клучна точка во градењето економски врски меѓу Истокот и Западот, особено во контекст на иницијативата „Појас и Пат“ и зголемената трговска размена помеѓу Кина и Европската Унија. Притоа, присутните имаа можност да дознаат повеќе за можностите за соработка, предизвиците и идните перспективи што оваа врска ги нуди.
Во статутарниот дел на седницата, под раководство на потпретседателот на здружението проф. Д-р Дејан Наковски беа усвоени Извештајот за работа во изминатата 2024 година, Програмата за работа и Финансискиот план за 2025 година.
Како и до сега, традиционално, за придонес во развојот на географијата и афирмација на Здружението, златни плакети им беа доделени на Лилјана Војневска, Невенка Стоева, Сашко Стефановски, Цвета Ѓоргиевска, Весна Томовска, Валентина Фидановска и Елена Пановска Наумовска.
По завршување на статутарниот дел, доц. д-р Вера Бошковаза реализирање работилница на тема „Влијанието на наставниците во формирањето на јавното мислење кај учениците“, по што членовите се стекнаа и со соодветни сертификати и го збогатија своето професионално портфолио.
Во вечерните часови и по завршувањето на работниот дел од саботно географско дружење, беше организирана географска вечер на која колегите го покажаа и својот дружељубив и весел географски дух.
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
Title Title
-
https://geograf.mk/novosti/1229-10#sigProId146c4b6ebf