Почитувани колеги, Ве известуваме дека Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, активно работи на подготовките за реализирање на натпреварите по географија за ученици од основното образование.
Овогодинешните натпреварите ќе се реализираат за VII, VIII и IX одделение согласно наставната програма по географија.
Согласно календарот, циклусот на натпревари се состои од:
- Општински натправари: 17.02.2024 година со почеток во 10:00 часот
- Регионални натпревари: 16.03.2024 година со почеток во 10:00 часот
- Државен натпревар: 27.04.2024 година со почеток во 10:00 часот
Теми и материјаили за подготовка на општинските натпревари:
- VII одделение: Македонија – Природно-географски карактеристики на Република Македонија – Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 7 одделение
- VIII одделение: Природно-географски и социо-географски карактеристики на Европа - Географија за 8 одделение за основно образование од авторите Коле Павлов, Ѓорѓи Павловски, издадено во 2020 година од МОН
- IX одделение: Азија - Соодветни материјали со содржини според наставната програма за 9 одделение
На натпреварите можат да учествуваат сите ученици од основните училишта во државата, пријавени преку своите ментори и училишта. Тестовите за учесниците ќе бидат на јазикот на кој се изведува наставата во училиштето.
На општинските натпревари, едно Основно училиште може да учествува со најмногу 3 (три) ученици од секое одделение, односно најмногу 3 (три) ученици од VI, 3 (три) ученици од VII, 3 (три) ученици од VIII и 3 (три) ученици од IX одделение.
Пријавените учениците за одредена категорија на натпревари ( VII, VIII и IX одделение) треба да бидат избрани на училишен натпревар од одделението/генерацијата на која и припаѓаат.
Пријавувањето на учениците се врши со пополнување образец во електронската форма достапна на официјалната страна на Здружението (https://www.zpgm.mk/prijava-za-natprevar-pogeografija-2024), најдоцна до 10.02.2024 година.
За пријавување и учество на натпреварите не се предвидени никакви трошоци од страна на учесниците, односно без котизација или било кој вид на чланарина од страна на учениците или менторите.
По тој повод, ве покануваме да земете активно учество на натпреварите, со што ќе придонесете во развивање на љубов кон географијата и натпреварувачкиот дух кај учениците, нивна надградба и ползување на резултатите од истите.
Дополнителни информации околу програмата и пропозициите за натпреварите ќе ви бидат доставени благовремено, а истите ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението.
Со почит,
Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје