Почитувани ученици и ментори,
Ве известуваме дека Регионалните натпревари по географија за учениците од сите одделенија ќе се одржат на 21.05.2021 година со почеток во 12:30 часот.

 

Поместување на саатницата за почеток на натпреварите е на барање на повеќе ментори и совпаѓањето со натпреварот по биологија. Во интерес на учениците кои ќе учествуваат и на натпреварот по биологија, сите ученици (од сите региони) ќе бидат прифатени во Скопје со цел нивно навремено вклучување на регионалните натпревари.
Ве известуваме дека оваа година реализацијата на регионалните натпреварите ќе се одвива со физичко присуство кое ќе биде реализирано според предвидената динамика и во место определено од организаторот (во прилог на веб).
Натпреварите ќе се одвиваат според приложените напатствија и Пропозиции, а истите ќе бидат објавени на официјалната страна на Здружението https://www.geograf.mk.

Известување до ментори

Список на учесници по региони

Место на реализирање на регионалните натпревари

Здружение на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје