На 04.04.2021 година се одржаа Регионалните натпревари по географија за ученици од Основните Училишта.
На годинешните Регионални натпревари учествуваа 155 ученици користејќи ја националната платформа за далечинско учење MS Teams.
Изразуваме жалење што некои учесници не успеале успешно да го испратат тестот согласно дадените напатствија.
Резултатите на учениците се конечни и дадени се во прилог.
Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на регионалните натпревари, сите ученици го делат истото место.
На државниот натпревар учествуваат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион и сите кои имаат освоено над 85 бодови на натпреварот.
Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, прво пласираниот од соодветниот регион, се приклучува кон учениците кои се пласирани за државниот натпревар, но не помалку од 65% од максимално предвидените бодови на регионалниот натпревар;
На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место.
На сите учесници им благодариме за довербата, а на оние кои продолжуваат на следното ниво на натпреварување им посакуваме успех.
Државна комисија:
Проф. д-р Мијалче Ѓоргиевски
Доц. д-р Дејан Наковски
Бурим Алиу
КЛУЧ ОД ТЕСТОТ ЗА РЕГИОНАЛНИ НАТПРЕВАРИ ПО ГЕОГРАФИЈА ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ