Согласно годишната програмата за работа, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, секоја година во месец јули, организира наставно-научен теренски практикум. Ве известуваме дека во подготовка е програмата за традиционалниот тридневен практикум, според која се предвидува посета на географски објекти и знаменитости на Република Албанија.
Програмата и сите потребни информации, дополнително ќе бидат објавени на нашата официјална страна.