Во согласност со своите програмски определби, а со поддршка од УТМС Институтот за национална географија, Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје, по 7-ми пат реализира теренски практикум за своите членови.

Овој тридневен теренски практикум се изведе во Босна и Херцеговина со посета на географски објекти, туристички атракции и културно-историски споменици од исклучително значење за светското културно наследство во Сараево, Мостар, Вишеград и други краев на Босна и Херцеговина.
Членовите на здружението кои учествуваат во практикумот, првото утринско кафе го испија на Врело Босне - извор реката Босна која се наоѓа на периферијата на градот Сараево, во подножјето на планината Игман.
Денес Врело Босна е добро позната туристичка атракција, која се состои од неколку мали острови поврзани со мостови преку бројни мали потоци. Прошетката со пајтон по „Велика алеја“ кон Илиџа опкружена со костени и чинари засадени во австроунгарскиот период, само го засилија уживањето во глетката и го зголемија чувството кон местото кое нуди здравје и лекува со совјата убавина и впечатливост.
Сончевиот ден нудеше прекрасни услови за опуштено шетање и впивање на природни убавини и антропогените вредности на градот Сараево, град во кој се спојуваат истокот и западот.
Богатството на неговите улици од двете страни на Миљатска со повеќе цркви и џамии, модерни трговски центри и стари рушевини кои сведочат за минатото на Босна, се само дел од овогодинешната авантура на начите членови. Вистинско уживање беше прошетката по старата турска чаршија која датира од 15-от век, Башчаршија која е срцето на Сараево и привлекува со своите. знаменитости како пазарот и џамијата Гази Хусрев Бег. Жолта табија кое нуди прекрасен поглед на градот од горе, градбите изградени во Австро-унгарски стил и Латинскиот мост на реката Миљацка, кој ги поврзува стариот град со населбата Скендерија беа неизбежен дел од нашата прошетка низ Сараево.. Во малиот музеј кој се наоѓа на северната страна на мостот групата се запозна со приказната за убиствотото на престолонаследникот Фердинанд од страна на Гаврило Принцип – настан кој го означил почетокот на Првата Светска Војна.
Скако, во нашата визуелна глад за впивање и доживување на што повеќе знаменитости на градот беше надополнета со дегустација на сараевскиот бурек и ќебапи, турско кафе, локум и баклава подготвено на автентичен начин и чаша сок од миризливи рози. По посетата на Сараево , првиот ден беше заокружен со познатите босански севдалинки во еден од сараевските пабови кои исто така претставуваат дел од културното наследство.
На вториот ден од целното патување, групата се упати кон Мостар со попатна посета на ,,Музејот на битката за ранетите на Неретва- Јабланица.” Битката на реката Неретва била една од најепските битки во Втората светска војна во Југославија Битката за ранетите е назив за четвртата непријателска офанзива на НОВЈ.
На патот кон Мостар неизбежна дестинација беше и Врело Босне, место каде убавината извира од карпите. Под високата карпа, каде некогаш била летната престолнина на Херцег Стјепан Вукшиќ Косача, се наоѓа еден од најголемите и најубавите извори во Европа - Врело Буне. Тој е еден од најсилните карстни извори во Европа.
Фотографирањето и атракциите на капачите на Стариот мост на Неретва во Мостар – беа несекојдневно уживање. Стариот мост е симбол на градот на Неретва и ремек дело на османлиската архитектура од 16 век како еден од најпознатите примери на исламската архитектура на Балканот. Денес е под заштита на УНЕСКО, а со шолја босанско кафе и со поглед кон него Стариот мост со својата живописност и впечатливост е дефинитивно магнет за туристите.
Денот беше заокружен со традиционалната географска вечер со што се одбележа роденденот на нашиот патрон, проф. д-р Љубе Миленковски.
На третиот ден од нашето патешествие беше посебно доживување глетката на Мостот на Дрина во градот на Андриќ, Вишеград. Како попатна и неизбежна дестинација која предизвика посебно воодушевување беше и посетата на Дрвенград (Кустендорф), познат и како Меќавник. Дрвенград, е етно-село во западниот дел на Србија, во Златиборскиот округ. Селото е основано и направено на ридот Меќавник по замисла на филмскиот режисер Емир Кустурица за потребите на снимањето на филмот „Животот е чудо“ во 2003 и 2004 година.
Желбата за усовршување и извонредната смисла за хумор и позитивна мисла кои се препознатлив имиџ на секој географ, придонесе и овој теренскиот практикум да помине во пријатна атмосфера и расположение.
Уште еднаш се потврди дека активностите на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и УТМС Институтот за национална географија, се во функција на професионален развој, вистинска поддршка и афирмација на професијата-наставник по географија.

01

02

03

06

07

08

09

10

11

13

14

15

16

17

18

19

22

23

24

26

27

29

30

31

32

33