На денешен ден во 1937 година во село Сопот, Свети Николе е роден проф.д-р Љубе Миленковски.
Професорот Миленковски остави длабока трага во македонското учебникарство, а особено во наставата по географија.
Тој го обележа патот по кој треба да чекори наставната практика. Неговиот визионерски дух денес служи како патоказ за сите нас неговите колеги и соработници да продолжиме и да го надоградуваме тој патоказ за подобар просперитет на наставата по географија.