Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје, помогнато од УТМС Институтот за национална географија и Фондацијата Проф. д-р Љубе Миленковски, после пауза од скоро две пандемиски години повторно излезе на терен и  реализирајше уште една програмска активност.

Имено, на 21 и 22. 06 2022 година беше спроведен теренски практикум на кој учество земаа повеќе географи, членови на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје.

Од Скопје, преку Кочани и Виница, до Берово, а потоа преку Пехчево, Делчево и Свети Николе до Скопје, со извонреден микс на географски и историски факти, пренесени од искуството на колегите, стручниот пристап и ексклузивните информации на претставник на тамошното Планинарското друштво, предизвикаа живописните предели на источиот дел од Македонија да се доживеат во едно несекојдневно издание.

Туристичкиот разглед на Берово направи одличен спој помеѓу историјата и географијата. Опиени од мирисот на цвекиња и чистиот планински воздух на прекрасниот кањон на Малешевските Планини, и со поглед на Беровското Езеро на 1100 м.н.в., беше вистинско уживање да се испие утринско „географско“ кафе и да се доживее пределот во вистинска смисла на зборот.

Движејќи се низ еден од најживописните региони во Македонија, групата покрај посетата на Пехчевските водопади, одржа работен состано во ООУ „Св.Кирил и Методиј“ во Делчево. Извонредниот талент за поетско изразување и хумор на колегите, придонесе двата дена од овој теренскиот практикум да поминат во пријатна атмосфера и беше само уште еден вовед во доследното реализирање на програмските цели на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје.

Уште еднаш се потврди дека формирањето на ЗПГМ „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ – Скопје, претставува вистински чекор во афирмација на една професија и предмет која долго време е на маргините на транзициските процеси на образовнието.