За летниот солстициум, ЗПГМ во утринската емисија на Сител ТВ
На 21 јуни, на северната полутопка започнува летото. Поради поставеноста на Земјата кон Сонцето, на северната полутопка ќе биде најдолгиот ден во годината (летен солстициум), а на јужната полутопка пак, ќе биде најкраткиот ден (зимски солстициум).
Овој ден е познат уште и како долгоденица за жителите на северната, а краткоденица за жителите на јужната полутопка. Наредниот ден, деновите ќе почнат да се скратуваат, а за сметка на тоа ќе се зголемуваат ноќите и тоа се до зимскиот солстициум (краткоденица) на 21 декември. Поради закривеноста на Земјата, должината на најдолгиот ден и најкратката ноќ се различни за секое место, одејќи од екваторот кон половите.
Според словенската митологија постојат два битни празници во чест на промената на годишните времиња.
Првиот е на 21 јуни (црешнар) или на денот на летниот солстициум познат како Купалов ден – летна долгоденица, додека вториот е на 23 декември или на денот на зимскиот солстициум познат како Коледо ден.
Овие два празника, според верувањата биле посветени на двете божества Куполо и Коледо кои биле постојани и нивната смена траела вечно. Во чест на овие две божества биле приредувани разни обичаи и славења. Нивното значење и важност било изгубено со време, поради разни црковни забрани и сменето со нови денови во годината посветени на значајни светители од христијанската религија.