Сите ние како личности се раликуваме по многу лични, но и културни разноликости.

Но, токму овие разлики не привлекоа да го создадеме ЗПГМ „Проф. д-р Љубе Миленковски“ – Скопје.
По повод 21-ви мај, Светскиот ден на културната разноликост, разговор и дијалог, ЗПГМ го искористи за едукативни цели, дружејќи се и надополнувајќи ги знаењата, онака како што умее здружението.

Отворениот час го започна колешката Анета Чаковска, која даде вовед по повод значењето на овој светски ден преку бројни примери за културни навики и обичаи ширум светот.

Колешката Станка Арнаутова даде практичен пример за културна разноликост во ООУ „Јашар Беј - Шкупи“ преку директно вклучување на учениците од различни националности во заеднички проект.

Во контекст на темата, колешката м-р Бети С. Трајковска сегмент од културата на Франција прикажа преку богатата кујна на земјата, со посебен осврт на квалитетните француски сирења.

На крај, колешката м-р Марина Стојмирова ја претстави разноликоста на неколку народи кои живеат во планинските предели на Андите, Хималаите, Килиманџаро, но и Јуруците во Македонија. 

02  03

04  05

07  10

08  09  

11  12

13  14

15  16

17  18