На 05.04.2025 година (сабота) се одржаа регионалните натпревари по географија за ученици од VII, VIII и IX одделение.
На натпревари учествуваа 463 ученика од VII, VIII и IX одделение распоредени во 21 регион. Тие, своите географски знаења ги покажаа преку тестирање, согласно наставните програми по географија.

Незадоволните ученици, односно менторот имаа право на приговор по објавувањето на резултатите, односно неофицијалната ранг листа, согласно Правилникот и Пропозициите.
По разгледување на сите приговори, објавена е официјалната ранг листа. Резултатите од одговорот по приговорот се конечни.
Право на учество на државен натпревар имаат сите ученици кои освоиле прво, второ и трето место од соодветниот регион и сите кои имаат освоено 85 и над 85 бодови на натпреварот.
Доколку од регионот нема ученик со над 85 бода, првопласираниот (1) од соодветниот регион, се приклучува кон учениците кои се пласирани за државниот натпревар, но не помалку од 70% од максимално предвидените бодови на регионалниот натпревар;
На регионалните натпревари, дипломи добиваат ученици со освоени прво, второ и трето место, додека менторите добиваат уверение за учество на натпреварите и пофалница за освоено место. Доколку повеќе ученици постигнат ист број на бодови на регионалните натпревари, сите ученици го делат истото место.

На сите учесници им благодариме за довербата, а на оние кои продолжуваат на следното ниво на натпреварување им посакуваме успех!

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА СЕДМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ОСМО ОДДЕЛЕНИЕ

ОФИЦИЈАЛНА РАНГ ЛИСТА ЗА ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

487442524 643647884956466 7636527595888012639 n

487783246 3900283610183536 4786933044735662514 n

487830953 649186391367601 5853390363144979389 n

488172013 9544623238938933 2691719905523001646 n

488403645 1436771967504107 6414838431863171768 n

488264742 637795432443652 211756010770431162 n