Здружението на професори по географија на Македонија „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје, поддржано од Институтот за национална географија на УТМС, на 29.05.2024 година (среда) ќе ги додели дипомите, пофалниците и наградите за ученици, ментори и училишта кои учествуваа на Државниот наторевар по географија за учебната 2023/2024 година.
Доделувањето ќе се изврши во просториите на Универзитетот Скопје со почеток во 12:00 часот.
За освоено прво, второ и трето место, учениците, менторите и училиштата ќе бидат соодветно наградени.
За учесниците кои освоиле над 85 бода ќе се доделат соодветни сертификати за постигнување на високи резултати, односно пофалница за освоена 3 награда за ученици кои освоиле од 85-90 бода, 2 награда за ученици кои освоиле од 90-95 бода и 1 награда за ученици кои освоиле од 95-100 бода.
Сите останати учесници (ученици и ментори) добиваат потврда за учество на Државниот натпревар.
Соодветни сертификати ќе се доделат и на правни и физилки лица кои помогнале во реализација на натпреварите на сите нивоа.
Наградите за првите три места се обезбедени преку фондот „ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје и УТМС Институтот за национална географија.
Здружението на професори по географија на Македонија
„ПРОФ. Д-Р ЉУБЕ МИЛЕНКОВСКИ“ – Скопје